Доаѓање и напуштање на апартманот

Доаѓам во утринските часови, можам ли веднаш да влезам во апартманот?

Во нашиот апартман се влегува најрано во 14 часот. Порано може да се влезе само во случај ако на денот на Вашето доаѓање апартманот е порано испразнет. Во случај апартманот претходниот ден да бил празен, тогаш во него може да се влезе во раните утрински часови. Секако околу можноста за рано влегување најдобро е да се распрашате кај нас.

Кој ќе ми ги даде клучевите?

На адресата на апартманот секогаш ќе ве пречека лице кое ќе ве воведе во апартманот, ќе потпише договор со вас, ќе ви ги предаде клучевите и ќе изврши наплата. Телефонскиот број се наоѓа на страницата контакт и достапни сме од 00-24 часот.

Доаѓам доцна навечер или рано наутро?

Кај нас секогаш сте добредојдени во било кој дел од денот или ноќта. Влезот е возможен од 00-24 часот, само информирајте не навремено за времето на Вашето доаѓање.

Што да правам со клучевите кога ќе дојде време за заминување?

Ние доаѓаме и од Вас ги преземаме клучевите.