Laguna 100 apartment

Апартманот има површина од 100 м2 и се состои од: дневен престој, две спални соби, кујна и две купатила и во него може да се сместат максимално 6 лица. Апартманот се наоѓа на Karaburmi во близина на Zvezdarska шума. Апартманот поседува сопствен паркинг, професионални спа фински сауни, џакузи за две лица и професионална маса за масажа која можете неограничено да ја користите за време на вашиот престој без било каков надомест. Апартманот има централно греење и огниште што може да се користи.

Можеме да Ви организираме часови по тенис со професионален лиценциран тренер како и спаринг мечеви, часови по јавање, разгледување на Белград, планинарење по Србија (сопственикот на апартманот е член на планинарско друштво). За Вас можеме да подготвуваме јадења (појадок, ручек, вечера), да ви купиме храна, да организираме перење и пеглање на вашите алишта, да ви купиме карти за концерт или театарска претстава. Во договор со вас, можеме да ве пречекаме на аеродром, железничка или автобуска станица или на влезот во Белград и ако ви е потребно, можеме да ве возиме во било кој дел на Србија.

Доколку сакате да поминете интимна вечер со вашата сакана личност можеме, во договор со вас, да ви обезбедиме:

  • Интимна вечера по ваш избор
  • Декорација на станот (свеќи, латици од роза,…..)
  • Професионална масажа
  • Жива свирка (тамбури или гитара)

Покрај се наведено и предложено во апартманот имате и: пегла, даска за пеглање, фен, кабелска ТВ, мини линија, интернет, плазма телевизор, тостер, комплетно опремена кујна со садови за 6 лица, доволна количина на пешкири, клима уред, фиксен телефон, мобилен телефон со српски број и гратис кредит од 200 динари за време на Вашиот престој (доплата за телефонот можете да купите во било која трафика).

Галерија