Laguna Golden Night

Стан е на две нивоа, површина од станот е 100 квадратни метри и се состои од дневна соба, кујна, 2 спални и 2 купатила, а може да се сместат 4 лица. Станот се наоѓа на Карабурма (Белград), во близина на Звездарска шума.

Aпартман Laguna Golden night поседува професионални спа фински сауни, џакузи за две лица и професионална маса за масажа која можете неограничено да ја користите за време на вашиот престој без било каков надомест. Апартманот има централно греење и огниште што може да се користи.

Можеме да Ви организираме часови по тенис со професионален лиценциран тренер како и спаринг мечеви, часови по јавање, разгледување на Белград, планинарење по Србија (сопственикот на апартманот е член на планинарско друштво). За Вас можеме да подготвуваме јадења (појадок, ручек, вечера), да ви купиме храна, да организираме перење и пеглање на вашите алишта, да ви купиме карти за концерт или театарска претстава. Во договор со вас, можеме да ве пречекаме на аеродром, железничка или автобуска станица или на влезот во Белград и ако ви е потребно, можеме да ве возиме во било кој дел на Србија.

Доколку сакате да поминете интимна вечер со вашата сакана личност можеме, во договор со вас, да ви обезбедиме:

  • Интимна вечера по ваш избор
  • Декорација на станот (свеќи, латици од роза,…..)
  • Професионална масажа
  • Жива свирка (тамбури или гитара)

Покрај се наведено и предложено во апартманот имате и: пегла, даска за пеглање, фен, кабелска ТВ, интернет, плазма телевизор, комплетно опремена кујна со садови за 4 лица, доволна количина на пешкири, клима уред, фиксен телефон, мобилен телефон со српски број и гратис кредит од 200 динари за време на Вашиот престој (доплата за телефонот можете да купите во било која трафика).