Престој во апартманот

Дали апартманот можам да го користам со моите пријатели?

Во апартманот можете непречено да примате посети. Апартманот се издава во целост и не зависи од бројот на лицата, во апартманот со Вас може да престојуваат и Вашите пријатели кои мора да го почитуваат нашиот куќен ред.

Што ќе ме чека во фрижидерот?

Фрижидерот во апартманот е празен. Доколку сакате да Ви набавиме одредени продукти не двоумете се, слободно кажете ни.

Koлку често се менуваат постелнината и пешкирите?

Во апартманот обезбедена е постелнина за онолку легла колку што лица може да прими апартманот. Постелнината се менува на три дена доколку Вашата резервација трае подолго од тоа, иако доколку Ви е тоа потребно, постелнината можеме да ја замениме и порано. Пешкирите за време на престојот обезбедени се во доволно количество.

Moжам ли да готвам и да под готвувам храна во апартманот?

Во апартманот постои опремена кујна како и садови доволни за основна подготовка на храната. Во апартманот можете и да подготвувате храна и тоа е една од основните предности која кај одредени гости не фаворизира во однос на хотелското сместување. Доколку имате посебни барања за некои садови, не двоумете се, слободно кажете ни. Нашата желба е престојот во Белград да Ви го направиме поудобен.

Го изгубив клучот

Доколку го изгубите клучот должни сте да ги сносите сите трошоци за замена на бравата на апартманот како и за правење на нов компет од 5 клуча.

Има ли интернет во апартманот?

Постои постојан интернет пристап WiFi

Има ли телефон во апартманот?

Постои фиксен телефон од кој е оневозможено, поради објективни причини, бирање на броеви надвор од Белград, додека примањето на повици е неограничено. Покрај фиксниот телефон за користење имате и мобилен телефон со картичка и гратис кредит од 200 дин. кој потоа можете да го дополните во било која трафика.