Nirvana Spa

Апартманот има површина од 45 м2 и се состои од: дневен престој, спална, кујна и купатило, и во него може да се сместат максимално 5 лица. Апартманот се наоѓа на Звездара во близина на спортскиот центар „Олимп“ кој во својот состав има атлетска стаза, тенински терени, теретана и нов модерен отворен базен. Апартманот поседува сопствен паркинг како и професионална спа финска сауна опремена со музичка линија и звучници и професионална маса за масажа која можете неограничено да ја користите за време на вашиот престој без било каков надомест. Апартманот има централно греење.

Можеме да Ви организираме часови по тенис со професионален лиценциран тренер како и спаринг мечеви, часови по јавање, разгледување на Белград, планинарење по Србија (сопственикот на апартманот е член на планинарско друштво). За Вас можеме да подготвуваме јадења (појадок, ручек, вечера), да ви купиме храна, да организираме перење и пеглање на вашите алишта, да ви купиме карти за концерт или театарска претстава. Во договор со вас, можеме да ве пречекаме на аеродром, железничка или автобуска станица или на влезот во Белград и ако ви е потребно, можеме да ве возиме во било кој дел на Србија.

Доколку сакате да поминете интимна вечер со вашата сакана личност можеме, во договор со вас, да ви обезбедиме:

  • Интимна вечера по ваш избор
  • Декорација на станот (свеќи, латици од роза,…..)
  • Професионална масажа
  • Жива свирка (тамбури или гитара)

Покрај се наведено и предложено во апартманот имате и: пегла, даска за пеглање, фен, кабелска ТВ, мини линија, интернет, плазма телевизор (109cm), тостер, комплетно опремена кујна со садови за 5 лица, доволна количина на пешкири, клима уред, фиксен телефон, мобилен телефон со српски број и гратис кредит од 200 динари за време на Вашиот престој (доплата за телефонот можете да купите во било која трафика).

Апартманот има полица за вино со преку 15 видови на квалитетни вина.

ГАЛЕРИЈА