Плаќањe

Каде и кому му плаќам?

Плаќањето се врши при преземањето на клучевите од лицето кое ви ги дало. За секое плаќање ќе добиете сметка.

Moжам ли да платам во евра или во некоја друга странска валута?

Плаќањето се врши во динари, по средниот курс на народната банка на денот кога се врши плаќањето. Во близина на апартманот има менувачница, така да замената на валутата нема да претставува никаков проблем.

Moжам ли да платам со картичка или со чекови?

За сега може да се плати единствено во готовина. Меѓутоа, апартманот се наоѓа во непосредна близина на банкомат, така да доаѓањето до готовина нема да ви претставува никаков проблем.

Moжам ли да платам на крајот на престојот?

Плаќањето се врши исклучиво однапред, при преземањето на клучевите.

Moрам ли да уплатам аванс неколку дена порано за да ми биде сигурна резервацијата?

Доколку инсистирате на уплата на аванс тоа нема да претставува никаков проблем. Но и без тоа, вашата резервација на која сте добиле одговор е сигурна.