СЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИИТЕ

Kaко да го резервирам апартманот што го одбрав?

Кога ќе дојдете на страницата каде што се наоѓа апартманот, доволно е да го пополните образецот за резервација. Вашата резервација ќе биде валидна дури откако ќе добиете потврден одговор. Исто така, можете да резервирате и преку телефон.

Дали е мојата резервација сигурна ако не сум добил одговор?

Вашата резервација не е валидна се додека не добиете од нас потврден одговор. Доколку резервирате преку телефон, потврдата ќе Ви ја пратиме по пат на е-маил поштата.

Што ако сакам да ја откажам резервацијата?

Доколку поради било која причина сакате да ја откажете резервацијата, Ве молиме тоа да го направите навремено, те. во моментот кога ќе дознаете дека не Ви треба апартманот. Резервацијата откажете ја исклучиво преку телефон или по пат на СМС (не по пат на е-маил), а ние ќе бидеме ваш добар домаќин во некоја наредна прилика.