Паркинг

Паркирањето во Белград организирано е по зони. Првата зона обележана е со црвена боја, дозволено паркирање – најдолго еден час. Втората зона обележана е со жолта боја, дозволено паркирање – два часа. Третата зона обележана е со зелена боја, дозволено паркирање – три часа.

Паркингот можете да го платите со праќање на СМС порака преку мобилен телефон, треба само да го пратите бројот од својата регистрација на бројот 9111 за првата зона, бројот 9112 за втората зона или бројот 9113 за третата зона.

Паркингот можете да го платите и со помош на паркинг картата која можете да ја купите во киосците. Паркинг картата се пополнува и се остава во автомобилот на видно место. Белград поседува и шест јавни гаражи.